Куманово со победа во црногорски Тиват

Сподели со своите пријатели

Со резултат 83:90 кошаркарите на Куманово вечерва извојуваа победа против Теодо од Тиват во рамките на БИБЛ лигата.

Loading...

Од почетокот до крајот на натпреварот избраниците на тренерот Игор Ѓорѓиевски беа во предност пред домаќините, единствено кога предноста на сино-белите беше малку загрозена е кога Тиват се доближи на резултатот 41:42.

Но, во вториот дел од средбата Куманово со „десетка“ се одвои резултатски од противникот, што беше тешко да се надигра до крајот на мечот.

Со 19 поени најефикасен во редовите на Куманово беше Александар Андрејевиќ, а поен помалку впиша Дамјан Робев.

Во редовите на Тиват 20 впиша Петар Кусовац.

Кумановци утре повторно ќе настапат на балканската кошаркарска сцена, а за противник го имаат Ибар Рожаје.

Никола Ивановски

Leave a Reply