Куманово со јавно-приватно партнерство од 4,7 милиони евра ќе го решава проблемот со улично осветлување

Сподели со своите пријатели

Со јавно приватно партнерство вредно вредно 4,7 милиони евра, Општина Куманово ќе го решава проблемот со електричното осветлување.

Loading...

По изготвена физибилити студија денеска на дневниот ред на Советот на Општина Куманово беше предложена точката за решавање на овој проблем. Студијата како што денеска беше истакнато на расправата била работена од почетокот на пролетта, а предвидува замена и одржување на 9.340 сијалици на улиците во градот.

Како што појасни изготвувачот на студијата во периодот од 10 години јавно-приватно партнерство два пати целосно ќе се замени мрежата, но кога ќе се направат пресметките, како што рече советникот Миле Андоновски цената на една сијалица испаѓа дека ќе изнесува над 200 евра.

Според изготвувачот на студијата Љупчо Бебиќ, вредноста е синтетички показател на сите активности поврзани со комплетна замена на мрежата.

– Самата сума е составена од два главни дела. Периодот на концесија е прилично долг, овие светлечки тела имаат век на траење, речиси од сите врвни производители тој период е гарантиран 6 – 7 години, не значи дека на истекот на 7мата година сите поставени тела треба да се заменат, но во текот натој период тие ќе треба уште еднаш да бидат заменети, од тој аспект, првично поставување и во текот на концесиски период комплетна замена се прави и се доаѓа во оваа сума и прудружни активности кои се помали во однос на поправки и инсталација, рече Бебиќ.

Средствата за комуналната такса за улично осветлување се исплаќаат преку сметката од ЕВН за потрошена електрична енергија, тие пари се трансферираат до Јавното претпријатие „Куманово паркинг“ кое сега стопанисува со осветлувањето. Тие ја плаќаат електричната енергија потрошена за оваанамена. Тие средства според новиот предлог би требало да одат на кон партнерот на општината кој ќе има за обврска да ја одржува светлечката мрежа во градот.

Loading...

Остануваат отворени повеќе прашања како ќе се одвива овој процес, на што забелешки имаше и опозицијата, која остро реагираше поради доставувањето на материјалите и точката на самата седница, притоа немајќи време за детална анализа.

Советничката Анета Шандева Доневска вели дека сумата е огромна и апелираше изгласувањето на оваа точка да биде одложено со цел понатамошни анализи.

– Дозволете да направиме анализа, да вклучиме релвантни фактори и да ги вклучиме граѓаните. Не слушнав конкретен одговор кој би бил задоволителен за мене и кој ќе ме натера да го сменам мислењето, имаме сума која е преголема 4,67 милиони евра на годишно ниво, најдоговорно ви тврдам како дологогидешн вработен во ЕВН, тоа е огромна сума за улично осветлување. Сега ја отвореив цената на штедливи лед светилки, да направиме математика, ова не се наши пари, туку на граѓаните, ќе ве замолам и вие да интервенирате и да ја одложиме одлуката, има место за големи дикусии и да направиме паралела, да направиме обична студија колку би чинела група од пет вработени и да се вози превозносредство кое ги сервисира уличните осветлувања, не излегува помала сума од овааза која ќе се задолжиоме за следните 10 години, ги повикувам советниците и вие плаќате сметка, дајте да се потрудиме да ја одложиме одлуката за некој нареден ден, рече Шандева Доневска.

Градоначалникот Максим Димитриевски, вели дека над 1.000 граѓани за 13 месеци барале интервенција поради проблеми со уличното осветлување и дека тоа мора да се надмине. Но, посочи дека општината нема пари да се справи со овој проблем сама, па јавното-приватно партнрество е едно од најефикасните решенија.

Loading...

– При самото преземање на позицијата градоначалник се соочивсо оваа прашње каде со јавно-приватно партнрество, финансиски блокирана, ова требаше да го предложам на Советот да се донесе како одлука многу порано, но Куманвоо како општина губи од еден до 1,4 милиони денари на месечно ниво, тоа се средства кои би можеле да ги акумулираме во следниот период, се согласувам дека Куманово треба да има сосптвен тим, техника за одржрување на јавното осветлување, но за жал од сето тоа има едно јавно претпријатие кое е заглавено во проблеми ипокрај делегираната надлежност на вршење на услуги, а тоа е паркинг простор, не може целокупниот систем на улично осветлување да го генерира или менаџира, акосе менаџираше перфектно немаше да има реакција од граѓаните, вели Димитриевски.

Опозицијата и натаму остана на ставот дека не треба да се брза со донесувањето на одлуката, со цел граѓаните, но и експертската фела да имаат увид во физибилити студијата за да може да се интервенира доколку има потреба пред да се склучи ваков договор.

Дискустијата се префрли и на политички препукувањата на релација власт – опозиција по што беше прогласена пауза.

Leave a Reply