Куманово се разбуди на -8 степени, можни нови врнежи од снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно облачно, околу пладне и попладне со повремени врнежи од снег со слаб, а во западните делови со слаб до умерен интензитет.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во вечерните и ноќните часови ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени.

Во Куманово утринава беа измерени 8 степени под нулата, додека максимумот денеска се очекува да достигне -2 степени. Снежната покривка и натаму изнесува 10 сантиметри.

Утре, како што додаваат од УХМР, ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, а во следните денови ќе преовладува стабилно време со услови за магла по котлините.

Дневната температура од четврток осетно ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.

Leave a Reply