Куманово – Работнички: Изненадување од кумановци или финале за центарци?

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва го играат третиот полуфинален натпревар против составот на Работнички.

Средбата во Градски парк која започнува во 19 часот може да биде и последна за кумановци, доколку кошаркарите на Марин Докузовски по трет пат извојуваат победа. Исклучително силниот состав на центарци оваа година ги намачи кошаркарите на Куманово, кои сепак не потклекнаа и машки се бореа да пристигнат во елитата, односно меѓу четирите најдобри во домашниот шампионат.

Доколку кумановци изненадат вечерва тоа ќе значи четврта средба помеѓу двата тима веќе во среда во Куманово.

Leave a Reply