Куманово претрпе пораз и од АВ Охрид (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен претрпеа пораз од АВ Охрид во второто коло од Суперлигата.

 

Loading...

 

Првите минути кумановци имаа блага предност пред гостите од Охрид, меѓутоа веќе кон крајот на првата четвртина, гостинскиот состав поведе за да со резултат 25:27 започне вториот период од играта. Впрочем првата четвртина донесе најголем број реализирани поени кај двете екипи, што беше доволен знак дека борбата ќе биде тешка.

 

 

Од почетокот на вториот период водството на Охрид константно се зголемуваше и покрај сите напори Куманово да излезе од негативата. Апсолутна доминација покажаа гостите со 22 поени, наспроти скромните 14 на домашниот состав кој важеше за фаворит на мечот. Сепак на полувреме се замина со двоцифрена предност за гостите, односно резутат 39:49.

 

Loading...

 

Иако публиката која започна полека да се враќа во Спортската сала Куманово очекуваше пресврт во корист за својот тим по кратката пауза на полувремето, сепак вториот дел од средбата немаше ништо ново. Охрид во третата четвртина успеа да ја задржи предноста, па така во последните 10 минути кумановци влегоа со негатива од дури 13 поени, односно резултат 53:66.

 

 

Единствено во последната четвртина кумановци им парираа на охриѓани, па и двете екипи реализираа по 13 поени, кои не беа доволни составот на тренерот Александар Петровиќ да направи пресврт во резултатот.

 

 

Во составот на Куманово  најефикасни со по 15 реализирани поени беа Марјан Јанески, Никола Караколев и Бранислав Ѓекиќ.

Loading...

 

На мечот дебитираше и најновото засилување на Куманово Дејан Србиновски.

 

 

За АВ Охрид извонредни 28 поени постигна новајлијата Мирза Ахметбашиќ. Зад него со 15 поени е Кенет, а со дабл-дабл ефект од 11 поени и 10 скока мечот завшри за Зимиќ.

 

 

Ова е втор пораз за составот на Куманово од почетокот на Суперлигата која ќе треае до 5. мај, по што првите четири екипи ќе одат во плеј оф завршницата и ќе се борат за титулата шампион во македонската кошарка. Кумановци и покрај двата порази моментално се наоѓаат на 4. позиција во табелата.

 

Loading...

 

Следниот меч го играат по велигденските празници, повторно на домашен терен кога го пречекуваат составот на Работнички кој и по 23 одиграни натпревари сезонава не бележи пораз.

 

 

Loading...

 

 

Leave a Reply