Куманово повторно со најмногу новозаболени

Сподели со своите пријатели

Осум новозаболени лица од коронавирус се регистрирани во Куманово изминатото деноноќие, информираше денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Со ова, во Куманово досега има 122 регистрирани случаи.

По градови, во Скопје се регистрирани четири, а по еден новозаболен во Тетово, Струга и Штип.

Оваа бројка е добиена по 202 теста, што е намалување во однос на претходните денови, појасни министерот Филипче.

– Просекот во изминатиот период дневно изнесува околу 350, намалениот број се должи на тоа што во недела се намалени капацитетите во однос на дежурства и лица кои работат во лабораториите, од денеска продолжува истиот просечен број на напревени тестови, изјави министерот.

И Филипче и премиерот Оливер Спасовски денеска на прес конференцијата истакнаа дека земјата допрва ја чека пикот, кон крајот на месецот.

Никола Ивановски

Leave a Reply