Куманово одбележува 76 години од загинувањето на Христијан Тодоровски Карпош (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со положување на свежо цвеќе регионалниот одбор на Сојузот на борци од Куманово и Општина Куманово денеска го одбележа денот на загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.

Loading...

Пред бистата во Карпошовата куќа денеска чест одадоа градоначалникот Максим Димитриевски, претставници на локалната самоуправа, политичари, припадници на Армијата и граѓани кои сакаат да го сочуваат сеќавањето на командантот на кумановскиот баталјон Јордан Николов.

Како Христијан Тодоровски го добил прекарот Карпош?

Тој е роден во Куманово во 1921 година. Уште во најраните години појавува интерес за читање на напредна комунистичка литература, член е на Сојузот на комунистичка омладина на Југославија, на 12 октомври 1941 година излегува во првите борбени редови во Козјачкиот партизански одред, меѓутоа одредот е набрзо разбиен и тој заминуав во Јужна Србија се до 1943 година кога повторно ќе се врати и ќе го формира кумановскиот партизански одред.

На 1ви декември 1941 година кумановскиот партизански одред прераснува во баталјнот Јордан Николов Орце.

Loading...

Карпош бил убиен на денешен ден во 1944 за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во прешевското село Билјача.

Leave a Reply