Куманово нема море, но ова е бродот што го носел името на нашиот град (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Куманово нема море, нема ниту Македонија, но некогашната голема Југославија имала излез на море, а имала и брод кој го носел името на нашиот град.

Loading...

Во 1966 година во јапонското бродоградилиште „Куре“ кај Хирошима, на претставниците на Југословенската океанска пловидба од Котор им бил предаден новоизградениот брод „Куманово“.

Бродот „Куманово“ имал 35.515 тони носивост, а снабден бил и со, за тоа време, најмодерни уреди за пловење.

Под полн товар бродот можел да развие брзина од 18 наутички милји на час.

Бродот бил долг 200, а широк околу 30 метри и претставувал најголема пловна единица во трогвската морнарица на Југославија.

Бродот „Куманово“ на 23ти март 1966 година влегол во експлоатација и испловил на своето прво патување кон Канада.

Loading...

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 108 (вторник, 1. април 1966. година)

Leave a Reply