11.08.2018 13:45

Куманово имало над 2.000 извидници на почетокот на шеесеттите години

loading...

Извидничката организација од околината на кумановско кон почетокот на шеесеттите години броела над 2.000 члена.

Постоеле три одреди во Куманово и по еден во општините Кратово, Крива Паланка и Орашац. Чети имале и Матејче и Табановце.

„Секој наш значаен датум е значаен и за извидниците. Оваа година извидниците организираа и се вклучуваа во сите манифестации. На маршот во Жегљане извидниците учествуваа со 250 члена. Исто така тие организираа маршеви и логорски огневи по повод 1 мај, 25 мај, 4 јули, 2 август и 11 октомври“, пишува новинарот Борко Зафировски во „Наш весник“во далечната 1961. година.

Успех во истата година постинале и кумановските развигорци, кои од 25-28 мај учествувале на првиот собир на развигорци во Македонија и го освиле првото место.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 3 (среда, 29 ноември 1961. година)

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments