Куманово е подготвено за зимско одржување на улиците (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово е подготвено за зимско одржување на улиците, соопштија надлежните. Градот е поделен на две зони за поефикасно чистење од снег.

Loading...

Механизацијата на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ го презеде чистењето во централното градско подрачје, додека вонградежниот опфат ќе чисти избрана компанија на тендер.

-Вкупно за „Чистота и зеленило“ одвоени се осум милиони денари, пет за зимско одржување и три за годишната програма за чистење на тротоари, плоштадот. Имаме доволно механизација која општината ја набави преку задолжување од Светска банка. Располагаме со модерна современа опрема која има капацитет да ги исчисти улиците. Дополнително екипите ќе чистат тротоари, плоштади. Имаме и средство за одмрзнување, изјави директорот на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски најави повисоки плати за здравствените работници (ВИДЕО)

 

 

„Чистота и Зеленило“ ќе биде задолжено за централното градско подрачје, булеварите, главните улици, приградските населби и селата ќе ги чисти компанијата „Кооп Инженеринг“ од Куманово која го доби тендерот за зимско одржување, за што од општинскиот буџет одвоени се над 4, 8 милиони денари.

Куманово има и 120 тони сол за зимско одржување на улиците.

Loading...

МИА