Кумановка вчера крадела од две куќи

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишна кумановка вчера била приведена под сомнение дека извршила кражби од две куќи во Куманово.

Loading...

– На 23.10.2023 во 13.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З. (25) од Куманово поради основи на сомнение дека истиот ден влегла во две куќи во Куманово и одзела предмети и пари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, додаваат од полицијата.

М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка физички нападната на градскиот плоштад

Никола Ивановски