Кумановецот Ристовски со извонредни резултати на Светското првенство во велосипедизам

Сподели со своите пријатели

Во силна конкуренција Зоран Ристовски од Куманово го освои 20. место на Светското првенство во друмски велосипедизам кое се одржа викендов во Веразе, Италија.

– Патеката беше екстремно тешка, стартував во последните позиции и потрошив многу енергија додека се префрлам во челните позиции, ова е една од најтешките трки која што ја имам возено и задоволен сум од резултатот кој го постигнав, ова за мене е голема мотивација повторно да се обидам за подобар резултат на слична манифестација – изјави Ристовски.

На стартот во Варезе се појавија неверојатни 420 возачи од целиот свет кои силите ги одмерија на стаза долга 130 километри, времето за кое ја извозија трката беше 3 часа и 36 минути.

Leave a Reply