Кумановец заработи кривична пријава за оштетување туѓи права

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишниот Д.М. од Куманово заработил кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи права“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено пријавениот на 29.01.2016 година, склучил договор за купопродажба на моторно возило со лице од Куманово, иако од страна на оштетената-неговата сопруга, поради бракоразводна парница, била издадена привремена мерка за сопственост на имот стекнат во брак.

Против осомничениот кривична пријава е поднесена од страна на Секторот за внатрешни работи – Куманово.