Кумановец заработи кривична пријава поради поседување 0,26 грама марихуана

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен жител на Куманово со иницијали Б.Д. заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Имено на 19 февруари годинава на улицата „Народна револуција“ во Куманово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што пронашле 0,26 грама наркотична дрога марихуана.

По два месеци Секторот за внатрешни работи му поднесе кривична пријава.