Кумановец загина обидувајќи се да си го изгасне домот зафатен од пожар

Сподели со своите пријатели

Педесет и четиригодишен кумановец викендов загинал при обид да го изгасне пожарот кој ја зафатил неговата куќа.

Loading...

– На 19.03.2022 во 15,20 часот во СВР-Куманово било пријавено дека во Куманово во место викано „Стара Воденица“ настанал пожар во нива каде горела сува трева, непосредно до куќа во која живеел Д.К.(54), при што од пожарот била зафатена и куќата, а Д.К. се здобил со повреди при гаснењето и бил пронајден починат, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт.

Известен е јавен обвинител кој дал наредба телото на починатото лице да биде предадено на семејството.

Увид на местото на настанот извршиал екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски