Кумановец забележан како фрла отпад од автомобил

Сподели со своите пријатели

Вчера во 21 часот на улицата „Народна Револуција“, од страна на полициски службеници при вршење на мотопатролна служба било забележано како од патничко моторно возило “Алфа Ромео“ со кумановски регистерски таблици од совозачкото седиште лице фрлало отпаден материјал на тротоар, информира Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Возилото го управувал Е.Р. (22 години) од Куманово, а при извршеното легитимирање на совозачот, М.Н.(22), кој не носел документи му било укажано дека му биле констатирани прекршоци по Законот за лични карти и Законот за јавна чистота.

Истиот почнал да ги омаловажува полициските службеници, давал отпор а во тој момент возачот Е.Р. со употреба на физичка сила извршил и попречување на полициските службеници во преземање на службените дејствија. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следат соодветни поднесоци.

Leave a Reply