Кумановец учествувал во сообраќајка на три возила кај Кадрифаково

Сподели со своите пријатели

Доцна вечравечер околу 23.00 часот на патот Штип – село Кадрифаково се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц. од Штип, патничко моторно возило марка „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.С. од Куманово и возило марка „Ауди“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ј.В. од село Чифлик, општина Чешиново – Облешево, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата возачите на возилата и сопатниците биле пренесени во Клиничка болница Штип, од каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. По излегување од болницата, на сопатникот од патничко моторно возило „БМВ“-В.И. од Велес му се слошило, по што истиот е вратен во болница, констатирана му е повреда опасна по живот и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.