Кумановец уапсен поради кражба во деловен објект

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец рано утринава бил приведен под сомнение дека вчера извршил кражба во деловен објект.

Loading...

– На 12.04.2022 во 03.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Б.(29) од Куманово. Тој се сомничи дека претходниот ден извршил кражба во деловен објект на улица „Гоце Делчев“ од каде одзел повеќе предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски