Кумановец тешко повреден, со автомобил излетал од „Трета МУБ“,

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец со Б.П. од Куманово се здобил со тешки телесни повреди откако рано утринава околу 04:00 часот излетал со својот автомобил „Сеат Леон“ од булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.

Loading...

Како што информираат од полицијата, Б.П. бил пренесен во Клиничка болница во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply