Кумановец тешко повреден откако со возилото излетал од патот

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен кумановец е тешко повреден откако ноќеска со својот автомобил излетал од патот Куманово – село Пчиња.

Loading...

– На 27.11.2021 околу 00.10 часот во Куманово на локален пат Куманово –  село Пчиња, патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.И. (27) од селото Пчиња, кумановско излетало од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, возачот Н.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во општа болница Куманово.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски