Кумановец со туѓа кредитна картичка направил шест трансакции

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен кумановец заработи кривична пријава под сомнение дека користејќи туѓа кредитна картичка направил шест трансакции.

Loading...

– СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(36) од Куманово, сопственик и управител на фирма од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 24.02.2020, пријавениот неовластено влегол во компјутерските податоци на банкарската кредитна картичка на А.А. од Охрид и извршил шест трансакции, со што ѝ нанел материјална штета.

Никола Ивановски

Leave a Reply