Кумановец си ја нападнал сопругата на градскиот плоштад

Сподели со своите пријатели

Во Куманово вчера околу 18:45 часот бил лишен од слобода С.Т.(45) од селото Речица, кумановско, затоа што со остар предмет на плоштад „Маршал Тито“ ја нападнал сопругата Л.Т.(43) од с.Речица, кумановско, со која не живееле заедно и претходно имале расправии, информираат од полицијата.

Loading...

По интервенција на полициски службеник бил спречен во намерата.

Како што додаваат од МВР, С.Т. и претходно ја нападнал Л.Т. во домот.

По целосно документирање на случајот, против С.Т. ќе следува соодветен поднесок.

Leave a Reply