Кумановец се движел во полициски час, ќе плати казна од 2.000 евра

Сподели со своите пријатели

Кумановец ќе плати казна од 2.000 евра бидејќи го прекршил полицискиот час.

Loading...

– Заради непостапување согласно забраната за движење на населението на Република Северна Македонија во период од 21 до 5 часот, кумановското обвинителство поднесе Предлог за издавање казнен налог за уште едно лице, информираат од Основното јавно обвинителство.

Обвинетиот, како што појаснуваат од ОЈО, се движел пеш низ градот, со што не постапил според мерките за спречување на појава, рано откривање, спречување на ширење или сузбивање на заразната болест  предизвикана од коронавирусот.

За стореното кривично дело, обвинителството на Основниот суд во Куманово му предложи, на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глови, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Leave a Reply