Кумановец прободен со остар предмет, приведени неколкумина

Сподели со своите пријатели

На 01.06.2020 околу 01.00 часот во Полициската станица Куманово, М.Т.(28) од Куманово пријавил дека на 31.05.2020 околу 23.30 часот бил физички нападнат од неколку лица кои ги познава, при што бил прободен со остар предмет на левата рака,информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Според пријавеното, додека бил во возило „бмв“ со неговиот пријател М.Д. од Куманово во близина на угостителски објект на бул.„Октомвриска Револуција“, им се доближиле лицата и физички го нападнале М.Т., при што еден од нив со остар предмет му нанел убодна рана на левата надлактица.

После тоа, тие заминале во болницата во Куманово каде му била укажана лекарска помош.

Во врска со настанот приведени биле А:Р.(32), Д.А.(19), А.Г.(27), М.З.(30) и Д.П.(26), сите од Куманово.

По целосно документирање на случајот, СВР Куманово ќе поднесе соодветна пријав

Leave a Reply