Кумановец прегазил жител на Ранковце, од повредите починал на местото на несреќата

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 11.50 часот на автопатот во изградба Штип – Миладиновци – Скопје, на 7,5 км од клучката Штип, при изведување градежни работи, Д.М.(54) од Куманово, управувајќи работна машина „Грејдер“, при враќање наназад, го прегазил Т.Ф. (58) од село Ранковце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од здобиените повреди (фрактура на череп), Т.Ф. починал на самото место.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, трудов инспектир и екипа од СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.