Кумановец подигал пари од туѓа платежна картичка

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(59) од село Табановце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од полицијата, на 07.06.2019 во Куманово, пријавениот на банкомат во два наврати употребил пронајдена платежна картичка, сопственост на Ц.М., при што неовластено подигнал парични средства во вкупен износ од 60.000 денари.

Image by Peggy und Marco Lachmann-Anke from Pixabay

Leave a Reply