Кумановец осуден на 11 години затвор нападнал полицајци кои го приведувале

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишен кумановец со живеалиште во Шуто Оризари, денеска бил приведен во Велес, по барање за доиздржување на затворска казна. При приведувањето тој ги нападнал полицајците.

Loading...

– Денеска (27.07.2022) во 12.20 часот на улица „Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(32) од Куманово, со живеалиште во Шуто Оризари, Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од четири години и 10 месеци, а бил осуден на 11 години и еден месец.

При лишувањето тој физички нападнал двајца полициски службеници, по што бил спроведен во Полициската станица Велес за понатамошна постапка.

По документирање на случајот тој ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.