Кумановец ќе одговара за напад врз полициски службеници

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.М.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 20.09.2018 година околу 20.30 часот во Куманово пријавениот физички нападнал двајца полициски службеници кои преземале службени дејствија во врска со претходно пријавен настан.

Leave a Reply