Кумановец баран за издржување казна затвор приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден околу 08,40 часот на Полициска станица за граничен премин „Табановце“ на влез во Република Македонија, лишен е од слобода А.Б.(25) од Куманово затоа што при проверка констатирано е дека истиот се барал за издржување казна затвор во траење од четири месеци за сторено кривично дело „кражба“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во 09,20 часот со Потврда за предавање на лице, истиот е предаден на СВР-Куманово за понатамошна постапка.