Кумановци ноќва физички се пресметувале во центарот на градот

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово ноќва го нарушиле јавниот ред и мир по физичка пресметка во центарот на градот.

Loading...

– На 16.05.2023 во 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Народна Револуција“ во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Ј.(32) и Р.И.,(39), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и против нив биле поднесени соодветни поднесоци.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нападнат вработен во кумановската болница