Кумановци добија кривични оти тепале куче кое им удавило кокошки

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово добија кривични пријави за „мачење животни“ откако тепале куче кое им ги удавило кокошките.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.М.(66) и М.М.(61), двајцата од с. Љубодраг, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, пријавените, на 24.01.2023 во селото Љубодраг со тврди предмети го удирале кучето на нивниот сосед Д.Н., откако влегло во нивна штала и усмртило 15 нивни кокошки.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставата „Младиот чорбаџија“ во понеделник во Куманово