Кукла во венчаница веќе 90 години стои во излог и го збунува светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во мексиканската држава Чивава се наоѓа навидум обична продавница за венчаници, но во нејзиниот излог стои Ла Пасквалита, вистинска туристичка атракција.

На прв поглед се работи за убава кукла, но ако малку подобро погледнете ќе сфатите зошто луѓето со години расправаат за неа.

Имено, ла Пасквалита изгледа многу пореално од било која друга кукла од излог, толку што луѓето веруваат дека се работи за мумија на вистинска жена, не само што нејзиното лице е исклучително експресивно, со трепки и верно направени очи, туку и нејзините дланки се направени детално, а и на нејзините нозе се гледаат дури вени.

Таа привелкува бројни туристи од Мексико и странство уште откако прв пат била поставена во излого на продавницата во 1930. година.

Локалното население веднаш се запрепастило не само од фактот што куклата толку наликува на вистинска жена, туку и со нејзината сличност со починатата ќерка на сопственикот.

https://twitter.com/Gallarditoito/status/1026270450442104832

Loading...

Според приказните кои кружат во тоа место, девојката по име Псквала Еспарса се подготвувала за мажење кога ја казнал пајакот црна вдовица. на денот на венчавката починала од отровот. Набргу по нејзината смрт, во излогот на продавницата на нејзиниот татко се појавила кукла која довела до создавање бројни легенди.

Многумина сметаат дека се работи за совршено сочувана мумија на починатата девојка. Муштериите со години зборуваат дека имаат чувство дека ги следи погледот на Ла Пасквалитин насекаде низ продавницата, а некои тврдат дури и дека ја менува положбата. Дури и вработените пријавувале необични работи поврзани со оваа кукла.

– Секогаш кога ќе се доближам до Пасквалита, ми тече пот од раката. нејзините раце се толку реалистичи и таа дури има варикозни вени на нозете. Верувам дека таа е вистинска личност, рекла Соња Бурсијага, една од вработените, а пренесува сајтот „All That is Interesting“.

Втората легенда пак наведува дека Ла пасквалита навистина е кукла, односно дека на почетокот била само кукла. Според таа приказна, еден францускио магионичар, кого го маѓепсала неговата убавина, го посетувал нејзиниот прозорец секоја ноќ и ја оживувал, па танцувале цела ноќ по градот, а потоа повторно ја враќал во излогот секое утро.

Како и да е, скоро е невозможно да се утврди потеклото на куклата и дури е можно и името Пасквала Еспарса да е измислено.

Сегашниот сопственик е свесен дека тоа добро му влијае на бизност, па се труди легендата да ја одржи во живот.

Leave a Reply