Крунисан Нарухито, новиот јапонски цар (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со свечен чин заедно со традиционалните церемонии, Нарухито официјално стана 126-ти цар во Јапонија.

Loading...

На инаугурацијата на новиот јапонски цар Нарухито во Царската палата во Токио присуствуваа близу 2.000 претставници од 190 земји и меѓународни организации, јавува Anadolia.

„Ветувам дека ќе постапам во согласност со Уставот на Јапонија и ќе ги извршувам моите должности како симбол на единството на Јапонија и јапонскиот народ“, рече Нарухито во заклетвата.

Новиот јапонски император Нарухито ја носеше кафеавата облека што ја носеле монарсите во Јапонија уште од деветтиот век, а тој посети неколку храмови непосредно пред неговото устоличување.

По повод влегувањето на Нарухито во Такамикур, одаја за царско устоличување, јапонската влада помилува 550.000 затвореници со добра волја.

За време на устоличувањето на поранешниот јапонски цар Акихито, Владата на Јапонија помилува 2,5 милиони затвореници во 1989 година.

Новиот јапонски император Нарухито е роден по Втората светска војна и бил првиот јапонски принц што студирал во странство.

Студирал поморски транспорт на реномираниот универзитет Оксфорд, а неговата сопруга принцезата Масако Оудада студирала економија на престижниот универзитет Харвард.

Loading...

Масако е ќерка на Хисаши Оуада, поранешен претседател на Меѓународниот суд на правдата.

Leave a Reply