Кривични за неколку кумановци кои го прекршиле полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Тројца кумановци заработија кривични пријави за прекршување на полицискиот час.

Loading...

– СВР Скопје, СВР Куманово и СВР Велес поднесоа 23 кривични пријави против: Б.Б.(25), Д.К.(28), Н.Б.(38), А.К.(45), З.А.(36), сите од Скопје, Б.С.(37), Е.И.(30), А.С.(18), тројцата од Куманово, К.Д.(28) и С.Д.(29), двајцата од Велес, А.Ј.(19) од Кавадарци, А.Ј.(21) од Гевгелија, А.Ј.(29) и М.М.(36), двајцата од Неготино, Е.М.(92), И.М.(38), А.М.(36), Ш.У.(31), А.П.(46), Р.И.(33), сите од с.Корешница – Демир Капија, Р.К.(42) од с.Дедино – Конче, Е.Н.(32) и С.Ј.(58), двајцата од с.Тремник, неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, пријавените во периодот од 28.03.2020 до 30.03.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply