Кривични за двајца кумановци поради фалсификување исправи

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Е.(56) и З.Ц.(45), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и против Б.Р.(51) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со фалсификување исправа.

Loading...

Како што информираат под МВР, во 2014 година, првопријавениот како сопственик на правно лице Швајцарија, кој бил на привремена работа во Швајцарија, заедно со второпријавениот изготвиле купопродажен договор со невистинита содржина за моторно возило „Форд Транзит“ со регистарски ознаки на Швајцарија. Тие навеле дека возилото било во сопственост на второпријавениот и дека Швајцарија било регистрирано на име на правното лице на М.Е.. Третопријавениот за сметка на првопријавениот го внел возилото во Република Северна Македонија.

По ова, второпријавениот на 25.09.2014 фалсификуваниот договор го употребил како вистински во постапка за царинење на возилото пред Царинарница Куманово, а на 29.09.2014 година со заверен превод од германски на македонски јазик го употребил и во постапка за идентификација пред Биро за метрологија, од каде му била издадена потврда.

Потоа, целата документација ја дал во прилог на барањето за одобрување на возило пред Центарот за хомологација, Скопје, а на 12.06.2015 година ја употребил и во постапката за регистрација пред Управните служби, каде го регистрирал возилото.

Исто така, второпријавениот, на 09.08.2016 година повторно склучил купопродажен договор со лице од село Отља, општина Липково, по што ваквиот договор го употребил повторно во постапката пред управните служби во Куманово.

Leave a Reply