Кривична за кумановец поради поседување електричен парализатор

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ј. (31) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Осомниченото лице на 12 декември минатата година, околу 22.45 часот, во Куманово во кафе бар од страна на полициски службеници извршен е преглед над пријавениот при што е пронајден електричен парализатор, кој го набавил од непознато лице.