Кривична за арачиновец фатен со марихуана во Куманово

Сподели со своите пријатели

Жител на Арачиново заработи кривична пријава од Секторот за внатрешни работи Куманово, поради нелегално поседување на марихуана.

Loading...

– СВР Куманово поднесена е кривична пријава против А.Р.(31) од с.Арачиново, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од кумановската полиција.

Како што појаснуваат од полицијата, на 22.04.2020 година, во с.Умин Дол, кумановско, во близина на стадион, полициски службеници од СВР Куманово, при извршен преглед кај А.Р., пронашле и  одземеле марихуана.

Никола Ивановски

Leave a Reply