Кремљ ги отфрли новите предупредувања: Не планираме вооружен напад во Украина

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска ги отфрли новите предупредувања дека Москва наводно размислува за вооружен воен напад врз Украина, нагласувајќи дека Русија е вознемирена, бидејќи Украина се снабдува со големи количини оружје и ги зајакнува сопствените воени потенцијали.

Loading...

Шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов изјави за Military Times дека Русија има повеќе од 92.000 војници распоредени долж границата со Украина и дека се подготвува да изврши напад до крајот на јануари или почетокот на февруари, пренесува Ројтерс.

Буданов процени дека таквиот напад веројатно ќе значи воздух, артилерија и напади на оклопни единици проследени со воздушни слетувања на исток и амфибиски упади низ Одеса и Мариупол.

Тој рече дека територијата на Белорусија ќе се користи за наводна инвазија на Украина, објави порталот Спутник.

Претходно телевизискиот канал CBS News објави дека американското разузнавање ги предупредило европските сојузници за можноста од руски напад врз Украина.

„Инвазијата зависи од временските услови, но тоа би можело да се случи во рок од неколку недели, доколку нема западна интервенција“, се наведува во извештајот на CBS News, повикувајќи се на американски претставници.

Американскиот весник Њујорк Тајмс вчера објави дека претставниците на американските разузнавачки служби ги предупредиле сојузниците на САД дека останува малку време да се застане на патот на можна офанзива на Русија врз Украина.

Претходно командантот на единиците за специјални операции на вооружените сили на Украина Григориј Галан изјави дека е неопходно секоја област во Украина да биде подготвена за „руската инвазија“.

Loading...

Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија верува оти Западот преку медиумска кампања сака да ја претстави Москва како закана за политичко решение на украинската криза.

„Ја гледаме оваа посветена медиумска кампања (на Западот). Набљудуваме како Bloomberg News Corporation се користи како канал за ширење лажни вести и како другите американски медиуми се вклучени во процесот. Гледаме ескалација на тензиите и нови обиди Русија да се претстави како земја која го загрозува мировниот процес“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАС С.