Кремљ: Да не се брза со објавување победа во Соледар

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска соопшти дека не треба да се „брза“ да се прогласи победа во Соледар по тврдењата на руската паравоена група „Вагнер“ дека ја презела контролата врз овој град во источна Украина.

Loading...

„Не смееме да избрзуваме. Да почекаме официјални соопштенија“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека има „позитивна динамика во напредувањето“ на руските сили и го поздрави „фантастичното херојство“ на војниците.

Водачот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин, претходно денеска изјави дека борците на организацијата ја презеле контролата врз украинскиот град Соледар по интензивните борби оваа недела.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.