Кремата за сончање е штетна за кожата?

Сподели со своите пријатели

Кремите за сончање се клучни за заштита на кожата од рак. Новата студија, меѓутоа, сугерира дека може да предизвика и недостаток на витаминот Д, пренесува „Спутник“.

Витаминот Д е важен за здравјето на коските затоа што помага при апсорпција на калциумот. Помага и во функционирање на нервите и мускулите, но и во јакнењето на имунолошкиот систем.

Недостаток на витаминот Д може да доведе до намалување на густината на коските, а тоа го зголемува ризикот и скршеници и остеопороза. Додека некои намирници природно содржат витамин Д, како рибата или белите дробови, главно станува збор за мали количини.

Зошто некои заболуваат од рак, а други не?

Loading...

Далку најдобар избор на витаминот Д е изложеноста на сончевите зраци. Тие продираа во кожата во облика на холестерол и го претвораат во активен облик на винаминот Д3.

Научниците од калифорнискиот универзитет ги проучувале постоечките клинички студии за недостаток на витаминот Д и закличиле дека кремите за сончање со фактор 15 или повеќе можат да го намалат производството на витаминот Д за дури 99%.

Тие препорачуваат два пати неделно по половина час да се минува на сонце без нанесување на заштитната крема. Таквата количина на изложеност на сончевите зраци нема да го зголеми ризикот од рак на кожа, а во организмот ќе се задржи оптималната количина на витамин Д.