Кратер кој со години ги збунува руските научници (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Патом кратерот во Русија со години е предмет на истражување, а и натаму не се знае како настанал.

Кратерот е откриен уште во 1949. година во еден дел на руска тајга, во близина на градот Бодаибо. Мештаните и денес го нарекуваат „гнездо на огнениот орел“.

Многу теории кои се однесуваат на оваа место се раѓале со текот на времето, а некои од нив се врзувале и за тоа зошто животните избегнуваат да престојуваат во близина на кратерот. Најпрвин не било возможно да се утврди дали настанал од удар на метеорит или како последица на природна непогода.

ЖИВ СВЕТ: Решена една од најголемите мистерии на планетата Земја

Loading...

Научникот Владим Колпаков кој работел на решавањето на мистеријата на овој кратер во една прилика изјавил:

„Кога прв пат го видов, мислев дека полудувам. Овој дел припаѓа на тајгата, многу густо населени шуми, ретко кој доаѓа тука. Со понатамошна инспекција утврдивме дека целиот кратер е составен од варовник, чии остатоци се пронајдени во радиус од 160 метри“.

Целиот кратер широк е околу 100 метри и долг 40. Со формата потсетува на голем звучник, а името го добил по Пата, река кој тече во близината.

Истфажувањата на овој локалитет, покажале зголемена магнетна актвиност, но објаснувањата како кратерот се формирал и натаму ги нема.

БИЗАРНО ОТКРИТИЕ: Како изгледал првиот модерен Британец? (ФОТО)

Многу научници поставиле разни теории, од посета на вонземјани до подземни нуклеарни реакции, а некои теоретичари тврдат дека на оваа место дошло до судир на Земјата со некоја руга планета.

Од 2000. година испитувањата на овој кратер биле успорени при недостаток на потребните ресурси, а и денес претставуваат една од најголемите мистерии на сибирската тајга.

https://youtu.be/HgYoOR_Wy-E

Leave a Reply