Кралот Чарлс „тежи“ 600 милиони фунти, побогат од мајка му Елизабета

Сподели со своите пријатели

Кралот Чарлс Трети е побогат од неговата покојна мајка, кралицата Елизабета Втора!

Loading...

Како што открива „Сандеј тајмс“, британскиот монарх наводно „тежи“ 600 милиони фунти, односно 745 милиони долари, за разлика од најдолговечната кралица на светот која, според проценката на овој весник, имала имот вреден 370 милиони фунти во нејзина сопственост, односно 459 милиони долари.

Како што пренесува британскиот весник, дел од богатството на Чарлс доаѓа од менаџментот на Војводството Корнвол, поточно кралскиот имот кој се простира на 130.000 хектари и има 260 фарми и други имоти низ Англија и Велс. Меѓу нив е и терен за крикет во јужен Лондон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Според традицијата, на чело на ова војводство е најстариот син на владејачкиот монарх.

Кралот Чарлс, кој се подготвува за церемонијата на крунисување на 6 мај, на која, и покрај тензиите, ќе присуствува неговиот син Хари, но без неговата сопруга Меган, се вели дека го зголемил годишниот профит на војводството за 42 помеѓу 2011 и 2022 година, за 6 отсто со продажба на разни стоки, како што се бисквити и пиво, и изнајмување комерцијални објекти.

Британскиот монарх добил дури 212,7 милиони фунти од ова војводство во периодот од 2012 до 2022 година.

Британскиот крал неодамна се најде под лупа на јавноста откако „Гардијан“ откри дека неговата зелена компанија „ЈВ Енерген“, која произведува струја и гас од земјоделски култури, била под опсежна истрага поради истекување на повеќе од 1.000 тони отровни материи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Овој инцидент се случи во 2020 година, а отровните гасови беа испуштани во атмосферата 38 дена.

Loading...

Интересно е што оваа фирма е во сопственост и на Војводството Корнвол, а се користи за собирање приходи за наследникот на британскиот трон, во случајов, принцот Вилијам.

Приходот што војводството Корнвол го оствари од оваа зелена компанија изнесува речиси четири милиони фунти, објави „Гардијан“.