Крадец украл мобилен на новинар додека одел во живо, па го гледале илјадници луѓе како бега (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еден маж во Египет бил уапсен откако за време на пренос во живо на новинар му го украл мобилниот телефон директно од рацете.

Loading...

Махмуд Рагеб, репортер на Youm7, ги снимал последиците од земјотресот на улиците на Каиро кога маж на мотор поминал и му го одзел телефонот.

Крадецот несвесно го пренесувал своето лице на илјадници гледачи додека бегал од местото на настанот лежерно пушејќи цигара.

Според податоците на Facebook, видеото во живо го погледнале повеќе од 20.000 луѓе.

Многумина се вклучиле во потрагата по човекот бидејќи камерата на телефонот останала вклучена, а снимката од инцидентот широко кружеше на социјалните мрежи.

Претставници на Министерството за внатрешни работи рекоа дека користеле „модерна технологија“ за да го идентификуваат осомничениот од преносот во живо, објави Youm7.

Мажот бил уапсен само неколку часа подоцна во неговиот дом и однесен во полициската станица Калуб, каде што го признал делото, пишува порталот.

Видеото за нешто повеќе од 24 часа собра повеќе од 6,2 милиони прегледи и 45.000 коментари.

Loading...

Гледачите побрзаа да го исмеваат крадецот, при што еден коментираше дека „умрел од смеење“, додека друг праша зошто човекот се борел да погледне зад него додека „целиот свет го гледа“.

Во соопштението, египетското Министерство за внатрешни работи соопшти дека мажот бил невработен и оттогаш го продал украдениот мобилен телефон.