Крадец се заглавил во прозорец, го спасувале пожарникарите (фото)

Сподели со своите пријатели

Француските полицајци интервенирајќи при пријава за кражба, осомничениот крадец го пронашле заглавен во отворот на прозорецот, кој претходно го направил со помош на чекан.

Полицајците, на кои приведувањето им било никогаш полесно, објавиле и фотографија на која се гледа мажот чие тело на половина „ѕирка“ низ отворот, пренесува „АП“.

Тој во алкохолизирана состојба, ограбил продавница, но се заглавил во прозорецот пред да биде приведен – навела полицијата на „Твитер“.

 

Loading...

Крадецот, 46годишен маж, приведен бил утринава во пиринејскоот место Молон-ЛИшар на југозападот на Франција, изјавил за американската агенција, службеник од полицијата.

Заглавениот крадец претходно низ прозорецот го ваделе пожарникарите.