Ковачевски ќе се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите Нации

Сподели со своите пријатели

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, 3 мај 2023 година (среда) во период од 10:00 до 13:00 часот, по американско време (Eastern Daylight Time – EDT), ќе се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите Нации, на покана на претседавачот, Швајцарија. Премиерот Ковачевски е првиот македонски премиер кој се обраќа пред Советот за безбедност на ОН.

Loading...

Советот за безбедност на ОН има 15 членки, од кои пет се постојани со право на вето – Франција, Велика Британија, САД, Кина и Русија, а десет се избираат на период од две години, но така што секоја година се заменуваат по пет членки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска е Ѓурѓовден – празник на будење на природата

Советот за безбедност на ОН е орган на Обединетите Нации кој има за задача да го одржува мирот и безбедноста помеѓу нациите.

Иако другите органи на ОН можат да даваат само препораки на владите на земјите членки, Советот за безбедност има моќ да носи одлуки кои земјите членки мора да ги спроведат.