Кошаркарите на Куманово вечерва го пречекуваат Шкупи

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен со почеток во 19 часот го пречекуваат составот на Шкупи во рамките на 20. коло од домашниот шампионат.

Куманово моментално се наоѓа на 4. позиција во табелата со ист број на поени како и Гостивар кој се наоѓа на петтата позиција, додека МЗТ со еден бод повеќе им бега на третата.

Од управата на КК Куманово ја повикуваат публиката во поголем број да им даде поддршка на „сино-белите“ за да извојуваат нова победа која ќе им го осигура пласманот во плеј оф завршницата од сезоната.

Leave a Reply