Кошаркарите на Куманово утре атакуваат против Гостивар

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре со почеток во 17 часот на гостински терен го играат 10. коло од Суперлигата на македонската кошарка. За противник го имаат составот на Гостивар, еден од поквалитетните нови екипи во овогодинешната прва лига.

Куманово е на четвртата позиција во табелата а веднаш зад нив со ист број победи, но со четири бода помалку се наоѓа токму Гостивар.

Победата на ниту една екипа нема да донесе голема разлика во резултатот, со оглед дека по овој меч стартуваат натпреварите во плеј-офот каде Куманово веќе си обезбеди пласман и ќе се бори против составот на Работнички.

Leave a Reply