Кошаркарите на Куманово денеска против Работнички

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска ги очекува тежок претпоследен натпревар од оваа полусезона а за противник го имаат составот на Работнички.

Loading...

Мечот кој избраниците на тренерот Владимир Мирковски ќе го одиграат денеска на гостински терен со почеток во 18:00 часот е од големо значење за кумановци кои се вратија во форма по тешкиот период во кој имаа неколку порази.

Трета последователна победа треба да добијат кумановци вечерва, но тоа нема да биде лесно против екипата на Работнички кои не се лесен противник, иако кумановци знаеле да изненадат и претходно против овој состав.

Никола Ивановски