Корисниците на G-mail жртви на ХАКЕРСКИ напад

Сподели со своите пријатели

Непознат број корисници на сервисот на G-mail претрпе хакерски напад за кој од компанијата „Google“ велат дека е совладан.

Кражбата на пдоатоците на измама со ахкирање (phishing) се случила вчера, што „Google“ како компанија сопственик го примори да ги оневозможи оштетените сметки со кои нападот е започнат.

Нападот бил изведен со испраќање мејлови на корисниците на G-mail во кој напаѓачот се претварал дека е некој кој можеби тие го познаваат. Меѓутоа, за разлика од останатите „фишинг“ напади, оваа мејл порака била лажен повик на заедничко уредување на Гугл документ.

Со клик на документот во мејл пораката, корисцниците биле одведени на страница кој ги одвела на google.com, а потоа им била побарана дозвола за покренување на апликација за која напаѓачот ја креирал за да добие пристап до сметките на корисникот, така оневозможувајќи пристап до нивните мејл пораки и контакти.

Покрај тоа, како се наведува, апликацијата испраќала мејлови во име на корисниците кон други корисници, вели Купер Квинтин, технолог во „Електроник Фронтиер Фаундејшн“.

Ова хакирање успешно делува без оглед на тоа дали корисникот ја променил шифрата или има активирана двојна проверка на идентитетот.

Гугл издал соопштение во кое се наведува дека оштетените сметки се оневозможени и дека лажните страници се укинати, како и дека нивниот тим работи на спречување на повторување на ваков вид измами во иднина.

За сега нема податоци колкав е бројот на корисниците кои биле жртви на овој хакерски напад.

 

Loading...