Колку бракови биле склучени лани во Куманово, Липково и Старо Нагоричане?

Сподели со своите пријатели

Вкупно 631 брак биле склучени лани на подарчјето на Општина Куманово, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Loading...

Од нив, за по прв пат во брачна заедница стапиле 581 жена, втор брак склучиле 48 жени, а по трет или повеќе пати се омажиле две припаднички на понежниот пол.

Кај мажите, по прв пат брак склучиле 578 лица, по втор прат во брачните води запловиле 50, а по трет или повеќе пати, тројца мажи.

Во соседната Општина Липково лани склучени биле вкупно 280 бракови. Вупно 245 жени за прв пат стапиле во брак, 33 по втор пат, а само две по трет или повеќе пати. Кај мажите 236 се ожениле по прв пат, 40 влегле во својот втор брак, а во трет или повеќе, четири мажи.

Во руралната Општина Старо Нагоричане, склучени се само 17 брачни заедници. И кај жените и кај мажите, по 16 лица склучиле прв брак, а само по едно лице влегло во својата втора брачна заедница.

Leave a Reply